ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја гради најголемата фабрика во светот за клонирани животни

Кина ја гради најголемата фабрика во светот за клонирани животни

klon zivotni 33

Најголема светска фабрика за клонирање на животни ќе биде изградена во кинеското пристаниште Тианјин, јави денеска агенцијата Синхуа повикувајќи се на договорот што го потпишаа кинеските научници.

Центарот што се гради во подрачјето за економски и технолошки развој во Тианјин, ќе клонира кучиња, говеда и тркачки коњи.

Животните ќе бидат користени за да се подобрат расите и да се зголеми снабдувањето со месни производи, со оглед на зголемената побарувачка на потрошувачите.

Фабриката првично ќе произведува 100 илјади ембриони на говеда годишно, а целта е да се зголеми тој број до милион. Главната зграда би требало да биде готова до јуни следната година, а се предвидува изградба на лабораторија за клонирање, банка на гени и научен образовен центар, наведува Синхуа.

Sinica, филијала на Boyalife Groupe, ќе се фокусира на матични клетки и истражување на подрачјето на регенеративната медицина.

Од 2000 година кинеските научници клонираат говеда, свињи и овци, но клонираните животни во главно се користат за научни истражувања.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП