22 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаблескајте во деловното опкружување: Трикови на старата школа

Заблескајте во деловното опкружување: Трикови на старата школа

man1

Иако деловниот свет не може да се мери со оној од пред неколку децении, некои стари манири сеуште се многу значајни и не можат да се фрлат во заборав.

Можеби ќе ви изгледаат смешно, а можеби со нив ќе ги импресионирате деловните партнери.

Напишете писмо со кое ќе се заблагодарите

Не СМС порака, не меил, напиштете порака со вашиот личен ракопис. Пратете му ја клиентот како заблагодарување за одлично решениот проблем, за одличната соработка или за одличната бизнис идеја.

Интегритет

Постапувајте правилно со сите, од оние на дното до оние на врвот на пирамидата во компанијата. Никогаш не знаете кој ќе биде вашиот следен шеф.

Трудете се

Не само околу квалитетот на својата работа, туку и околу својот изглед. Првиот впечаток пред се се темели на изгледот. Од моментот кога ќе пристигнете на интервјуто за разговор, па се до моментот на пензионирање, внимавајте како се облекувате, класиката е рецепт за успешност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП