18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на спојувањата и преземањата достигна рекордни 4.200 млрд. долари

Вредноста на спојувањата и преземањата достигна рекордни 4.200 млрд. долари

dolari4224242

Глобалните спојувања и преземања достигнаа во оваа година нова рекордна вредност од 4.200 милијарди долари, надминувајќи го претходниот рекорд поставен пред финансиската криза, покажуваат податоците на Thomson Reuters.

Спојувањето на фармацевтските компании Pfizer и Allergan – второ највредно во историјата – ја зголеми овогодишната вредност на договори за аквизиции и спојувања на споменатиот износ, надминувајќи 4.100 милијарди долари достигнати во 2007-ма година.

Ова година ваквите активности забрзаа со оглед дека самоуверените менаџерски тимови, на чело на компанијата кои располагаат со големи парични износи, бараат можности во потрага за раст по неколкуте лоши години по глобалната финансиска криза.

Pfizer, производителот на вијагра, објави во понеделникот дека ќе го купи производителот на Botox Allergan за 160 милијарди долари.  Спојувањето е најавено за помалку од две недели, откако најголемиот светски производител на пиво AB InBev даде понуда за SABMiller во вредност од 106 милијарди долари.

Најголема зделка во историјата беше онаа помеѓу Vodafon AirToucha и Mannesmann во 1999-та година, во вредност од 202,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП