4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина доминира по бројот на старт-ап компании

Кина доминира по бројот на старт-ап компании

intel

И покрај забавувањето на економската активност на Кина, земјата го надминува остатокот од светот во создавање на старт-ап компании.

Бројот на новите компании кои се отворени, скоро се двојно зголемени од 2010 година, со скок од 811.000 на 1.609.000 минатата година, се наведува во студијата на меѓународните сметководители и консултантската мрежа “UHY”, со седиште во Лондон.

Кинеската влада ги зголеми напорите за поддршка на бизнисите што се намалуваат. Владата го поттикнува создавањето на нови компании, особено во ИТ секторот.

Пекинг одлучи својата извозно-инвестициски ориентирана економија да ја промени, во економија која ќе ја предводи внатрешната потрошувачка и услужниот сектор. На почетокот на месецот, земјата поставила цел да стане ,,умерено просперитетно општество” до 2020 година.

Велика Британија е втора на листата , одма позади Кина, со 581.000 новоосновани компании во 2014 година, во споредба со 385.000 старт-апи пред четири години.

Индија се наоѓа на третата позиција со основани преку 100.000 старт-ап компании минатата година.

Економијата во Западна Европа имаат тенденција да бележат повисок раст на бројот на новородени претпријатија во однос на другите развиено економии, се додава во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП