
Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, од вторник престојува во неколкудневна работна посета на Народна Република Кина.


Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, од вторник престојува во неколкудневна работна посета на Народна Република Кина.
Според најавите, премиерот Груевски ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и петтиот Економско-трговски форум во Суџоу, што ќе биде отворен во вторник, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји од државите од ЦИЕ и Кина.
Самитот ќе го отвори премиерот на НР Кина, Ли Кечианг, а на него освен од Македонија, ќе учествуваат делегации од Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија.
Во рамките на посетата планирана е и средба на премиерот Груевски со претседателот на НР Кина, Си Џипинг, како и бизнис форум во Пекинг каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите со кои располага Македонија како држава со поволна бизнис клима.