
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.


Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
Поради изведување работи на пат (минирање), на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 12.00-14.00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.