29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија бара отворање на нов граничен премин со Македонија

Албанија бара отворање на нов граничен премин со Македонија

granichen-premin

Албанија ќе побара официјално отворање на уште еден граничен премин со Македонија.

Пратеникот на владејачката Социјалистичка партија на Албанија Таулан Бала, инаку еден од највлијателните пратеници на Социјалистичката партија  изјави дека  изградбата на патот од Либражд до селото Стеблево (област Голобрдо ), ќе заживее овој регион, но за да ефектите бидат  пошироки во однос на развој на регионот, Владата во Тирана ќе побара отворање на уште еден граничен премин кон Македонија.

Станува збор за трет граничен премин во поширокиот регион на Дебар. И покрај тоа што Бала  не спомнува на кој дел од пограничниот дел на регионот на Дебар ќе биде преминот, се оценува дека се мисли на отворање на третиот премин во овој регион помеѓу премините Блато и Џепиште на Македонско – албанската граница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП