16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под притисок од силниот долар

Цената на нафтата под притисок од силниот долар

nafta 35

Цената на нафтата падна во понеделникот на светските берзи под притисок од јакнење на американскиот долар на највисоко ниво во последните седум месеци, а аналитичарите очекуваат натамошен пад поради неусогласеноста на глобалната понуда и побарувачка.

На лондонската берза цената на барелот падна 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 43,76 долари. На американската берза со барелот се тргува по 1,26 долари пониска цена, од 40,64 долари.

Падот на цената на нафтата е дел од поширокиот тренд на спуштање на цените на пазарите на сировини поради загриженоста околу неизвесната кинеска побарувачка.

Се очекува американската централна банка на состанокот во декември прв пат ќе ги зголеми каматните стапки за последните речиси десет години, додека истовремено се очекува Европската централна банка да продолжи со благата монетарна политика. Тоа го јакне доларот, кој поскапува сировините чии цени се изразени во американската валута, за оние кои поседуваат останати валути.

Падот на цената на нафтата на американската берза под 40 долари по барел во еден момент во петокот го наруши темпото на продажба“, смета Каспер  Лоуер од CMC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП