16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на европските берзи, под притисок рударскиот и енергетскиот сектор

Пад на европските берзи, под притисок рударскиот и енергетскиот сектор

dax-evropski-berzi

Цените на акциите на европските берзи во понеделникот паднаа, пред се во рударскиот сектор, што е последица на падот на цените на сировините.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции беше во 12.00 часот во минус 0,6 отсто, откако минатата недела достигна највисоко ниво за три месеци.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,55 отсто, на 6.300 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,30 отсто, на 11.089 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 4.879 поени.

Под најголем притисок се најде рударскиот сектор, во кој цените на акциите паднаа за 1,3 отсто, што е последица на падот на цените на сировините поради високиот курс на доларот и стравувањето на инвеститорите од натамошно слабеење на побарувачката, со оглед на забавувањето на растот на кинеската економија, најголем светски потрошувач на сировини.

Цената на бакарот, кој важи за добар показател за состојбите во светската економија поради неговата широка употреба во индустријата, изутрината падна на ново најниско ниво за последните шест ипол години, додека цената на никелот падна на најниско ниво од 2003 година.

Остро за околу 1,5 отсто, паднаа и цените на акциите во енергетскиот сектор бидејќи цената на нафтата на американскиот пазар падна за 3 отсто, на 40,60 долари, додека на лондонската берза барелот поевтини за околу 2 отсто, на 43,80 долари.

„Тоа е последица на јакнењето на доларот, што влијае на цените на сите сировини. А инвеститорите на пазарот на капитал го следат притисокот на сировини, па слабее расположението на берзите“, вели Ханс ван Клиф, економист во ABN.

Американската валута јакне кон еврото бидејќи во септември се очекува зголемувањето на каматните стапки во САД, додека во Европа се очекува дополнително олабавување на монетарната политика.

И додека јакнењето на доларот лошо влијае врз пазарот на сировини, слабеењето на еврото би можело позитивно да влијае врз економијата на еврозоната, бидејќи на тој начин расте конкурентноста на производите на светскиот пазар.

Меѓу ретки добитници денеска беше одбранбениот сектор бидејќи британските власти најавија зголемување на буџетот за безбедност и одбрана за 30 отсто. Благодарение на тоа цените на акциите на BAE Systems и Rolls Royce пораснаа за над 1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП