8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРехау прозорците од авторизирани производители – услов за квалитет и енергетски поодржливи...

Рехау прозорците од авторизирани производители – услов за квалитет и енергетски поодржливи објекти

rehau_ablak_3

Граѓаните да се информираат дали прозорците од РЕХАУ-профили што планираат да ги купат и вградат во своите домови се произведени во Македонија и се од авторизиран партнер на РЕХАУ.

„Заради остварување на својата примарна цел – задоволни клиенти, РЕХАУ има продажни центри во сите држави каде што е активна. Партнерите на РЕХАУ, кои произведуваат прозорци од висококвалитетни профили, постојано имаат обуки и нивното производство постојано е контролирано директно од РЕХАУ, сѐ со цел да се направат исто толку квалитетни прозорци“, информираат од РЕХАУ.

Нивните авторизирани партнери стојат зад квалитетот на прозорците што ги вградиле.

Од компанијата уште додаваат дека нивна цел е да им помогнат на клиентите да станат поодржливи.

„Со нашата сила за иновативност создаваме производи и решенија што се ориентирани кон потребите на клиентите и кои им овозможуваат да ја зголемат нивната енергетска ефикасност, да ги намалат трошоците и да обезбедат квалитетен живот пред сѐ!“, порачуваат од РЕХАУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП