
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата дава совети за возење во зимски услови на патиштата.


Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата дава совети за возење во зимски услови на патиштата.
Како прв услов ги наведуваат зимските гуми – во овие услови советуваат да возите со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4mm),како и синџири кои се местат по потреба. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност.
Не е лошо со себе секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорите и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и вклучете ја климата. На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и останатите потрошувачи на струја кои не ви требаат.