26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводствената активност во еврозоната се подобрува

Производствената активност во еврозоната се подобрува

industrisko proizvodstvo eu

Според последните податоци, производствената активност во еврозоната се подобрува во текот на овој месец, откако индексот „PMI“ забележа раст до 54,4 поени во однос на 53,9 поени во минатиот месец.

Германија го поведува растот на показателите, откако таму индексот кој го надгледува претставувањето на активноста, се зголеми до 54.9 поени во ноември во однос на 54.2 поени во октомври. За споредба вредноста на показателот во Франција се намалува до 51.3 поени во однос на 52.6 поени еден месец порано. Основна причина за влошување на показателот се терористичките напади од 13-ти ноември во Париз.

„Европа продолжува да се соочува со предизвици поврзани со вработувањето и невработеноста и слабата наплата на некои економии. Јужните економии се уште се борат со ефектите од должничката криза“, се вели во извештајот на „Markit“.

Меѓу најзасегнатите од должничката криза беа економиите на Грција, Португалија, Шпанија, Кипар и Ирска. И покрај подобрувањето на економиите на земјите од еврозоната во последните години, трајно високата невработеност и понатаму е главен проблем пред растот во регионот.

И додека Германија се радува на невработеност од само 4,5% во септември, според податоците на Еуростат, таа е на ниво од 25% во Грција и речиси 22% во Шпанија. Уште поголем е процентот кај младите луѓе на возраст меѓу 16 и 25 години.

Еврото се тргува во близина на најниско ниво во последните седум месеци од 1.0626 во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП