20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Equus by Hermes

Hyundai Equus by Hermes

hermes

Додека на саемот за автомобили во Њу Јорк премиера имаше редизајнираниот „Hyundai Equus“, на другата страна од светот во Сеул беше претставена продолжената верзија на оваа луксузна лимузина во соработка со модната куќа „Hermes“.

Продолжува праксата на соработка на автомобилските произведувачи и познатите светски модни компании, па така „Hyundai Equus by Hermes“ се заснова на моделот од 2012-та година.

hermes1

Станува збор за посебна верзија со продолжено меѓуосовинско растојание на која е адаптирана и луксузната опрема дизајнирана од француската модна куќа. Автомобилот е резултат на двегодишната соработка на двете компании, се со цел да се направи „врвна премиум лимузина“.

Внатрешноста на „Hyundai Equus“ е опремена со преку 20 нови содржини кои се достапни само во овој автомобил, а се изработени рачно во работилницата на „Hermes“.

Целиот ентериер е обложен со кожа, а внатрешните панели на вратите се направени од истиот вид на крокодилска кожа која се користи за познатите чанти на „Hermes“. Задната централна конзола содржи мини-бар и масичка.

hermes2

Произведени се само три примероци од овој специјален автомобил, а од компанијата велат дека тие не се за продажба.

Целта на оваа соработка е со помош на европскиот моден бренд да се подобри имиџот на корејската автомобилска марка во светот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП