18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи во раст, еврото се намали кон доларот

Азиските берзи во раст, еврото се намали кон доларот

aziski-berzi

Берзанските индекси во Шангај, Сингапур, Австралија и Јужна Кореја во понеделник изутрината беа во плус помеѓу 0,1 и 0,6 отсто, додека во Хонг Конг цените на акциите благо паднаа.

На Токиската берза поради празник денеска не се работи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7,30 остана речиси непроменети во однос на петокот.

Обемот на тргувањето е помал од вообичаениот поради празникот во Јапонија, а поддршка на азиските берзи им пружи растот на акциите на Волстрит во петокот.

Но, од друга страна под притисок се цените на сировините поради високиот курс на доларот и стравувањата на инвеститорите од натамошно слабеење на побарувачката, со оглед на забавувањето на растот на кинеската економија, најголем светски потрошувач на сировини.

Цената на бакарот, кој важи за добар показател за состојбите во светската економија поради неговата широка употреба во индустријата, изутрината падна на ново најниско ниво за последните шест ипол години, под 4.600 долари за еден тон.

Под притисок е и цената на нафтата, па цената на барел на американскиот пазар изутрината падна за 90 центи, на 40,99 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поевтини околу 60 центри, на 44,05 долари.

На валутните берзи доларот зајакна со оглед дека се поверојатно е дека американската централна банка во декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки прв пат од 2006 година.

Од друга страна, европската валута е под притисок бидејќи претседателот на ЕЦБ, Марио Драги во петокот изјави дека банката ќе стори се за да ја поттикне инфлацијата што е можно поскоро. Тоа значи дека веќе во декември ЕЦБ може да најави натамошно олабавување на монетарната политика.

Како последица на ова курсот на еврото кон доларот се спушти на најниско ниво за последните седум месеци, започнувајќи го денешното тргување на ниво од 1,06 долари за евро.

Американската валута зајакна и кон јапонската, па цената на доларот порасна од 122,80 јени, колку што изнесуваше во петокот, на 123,20 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП