18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрокерите најавуваат: Доларот и еврото ќе се изедначат

Брокерите најавуваат: Доларот и еврото ќе се изедначат

euroinvestor_euro_dollar_470x300

Коментарите на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, влијаеа на слабеењето на еврото за половина процент, на под 1,07 долари на крајот на минатата недела.

Падот на заедничката валута на еврозоната следеше по дводневниот раст.

Повеќето главни банки го имаат ставот дека доларот ќе зајакне и ќе достигне паритет со еврото во наредниот период, доколку американската Управа за федерални резерви започне да ја зголемува каматната стапка, додека други централни банки прават спротивно.

Сепак, напредокот по објавувањето на податоците за вработувањето во САД на почетокот на ноември, беше потежок. Доларот минатата недела ослабе во однос на кошницата валути, а оваа недела е во пораст од само 0,3 проценти.

Марио Драги изјави дека ЕЦБ ќе направи се што ќе биде неопходно за да ја зголеми инфлацијата во што пократок рок и укажа на бенефициите од намалувањето на каматните стапки со цел проширување на програмата за квантитативни олеснувања, односно купување на обврзници.

Доларот во утринските часови изнесуваше 1,0683 долари во однос на еврото. Исто така тој зајакна за 0,2 проценти, на 123,00 јени, и 0,4 проценти во однос на кошницата валути на 99,336 поени.

Еврото ослаби за речиси половина процент во однос на британската фунта и за 0,3 проценти во однос на швајцарскиот франк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП