26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦукерберг оди на породилно

Цукерберг оди на породилно

OBAMA JINPING

Сопственикот и основач на „Facebook“, Марк Цукерберг објави во петокот дека има намера да земе два месеци породилно отстуство по раѓањето на првото дете.

„Тоа е многу лична одлука, решив да земам два месеци породилно отсуство кога ќе се роди нашата ќерка“, напиша тој во пораката објавена на неговиот профил на друштвената мрежа.

„Истражувањето покажуваа дека кога вработените родители земаат слободно време за да бидат со своите новоредени деца, резултатите се подобри и за децата и за семејството“, истакнува Цукерберг.

„Facebook“ им овозможува на вработените во САД да земат до четири месеци платено породилно отсуство кое може да го распоредат како сакаат во годината која следи по раѓањето на детето.

Марк Цукерберг кон крајот на мај објави дека тој и сопругата Присила ќе добијат принова, откако неколку години се обидувале да добијат дете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП