Напорите на кинеските власти да го намалат данокот на продажбата на автомобили со мотори со помала зафатнина би можело да го заживее растот на продажбата во следната година, оценуваат аналитичарите.
Продажбата, според оценките на аналитичарите, би можела да порасне меѓу еден отсто и осум отсто во следната година, откако официјален Пекинг го намали данокот во рамки на обидите да го зголеми расположението на купувачите кои се загрижени заради забавувањето на кинеската економија.
На кинескиот автомобилски сектор, кој со децении уживаше во двоцифрен раст на продажбата, и натаму му преостанува значајно реструктуирање.
Последно намалување на данокот на продажба на автомобили со 1,6 литарски мотор или помал беше воведено на 1 октомври, откако продажбата можеше да отиде во негативна зона заради забавувањето на економијата.
Слично на тоа, кинеските власти во 2009 година ги намалија даноците, со цел подигање на продажбата на автомобили.