23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде компаниите плаќаат најмногу даноци и придонеси

Каде компаниите плаќаат најмногу даноци и придонеси

tax

Меѓу земјите во Европската унија, компаниите во Италија се најмногу оптеретени со даноци и придонеси, а најмалку во Хрватска.

Според податоците на кои се повикува виенскиот весник „Пресе“, компаниите во Италија се оптеретени со даноци и придонеси со 65,8 отсто, а во Хрватска со 19,8 отсто.

Во Италија компаниите плаќаат данок на добивка од 20,3 отсто, споредните трошоци ги оптеретуваат со 43,4 отсто и останатите трошоци изнесуваат 2,1 отсто. Во Хрватска нема данок на добивка, споредните трошоци изнесуваат 17,9 отсто, а останатите се 1,9 отсто.

По Италија, на второто место според нивото на оптеретеност од даноци е Франција со 64,7 отсто (данок на добивка од 8,7 отсто), на трето место е Шпанија со 58,6 отсто (данок на добивка од 21,2 отсто), на четврто место е Белгија со 57,5 отсто (данок на добивка од 6,4 отсто), а на петто место е Австрија со 52,4 отсто (данок на добивка од 15,3 отсто). Шведска е на шесто место со 52 отсто, а Германија е на деветто место со 49,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП