2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина во наредните пет години со економски раст во просек од 6,0...

Кина во наредните пет години со економски раст во просек од 6,0 проценти

oecd 3303

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) очекува дека во Кина ќе продолжи забавениот економски раст во просек од 6,0 проценти годишно во текот на наредните пет години, додека стапката на раст во Индија за наведениот период ја зголеми на 7,3 проценти.

Според Годишниот извештај на ОЕЦД, објавен на регионалната бизнис конференција во пресрет на самитот на земјите АСЕАН овој викенд, кинеското забавување значи дека малата извозна побарувачка и приливот на инвестиции во југоисточна Азија ќе го потопат економскиот раст на просечно 5,2 проценти годишно до 2020 година, пренесува агенцијата АП.

Во извештајот се наведува дека кинеското забавување, заострувањето на монетарната политика на САД и намалениот раст на продуктивноста, претставуваат клучни предизвици за одржување на интензитетот на растот во азискиот регион.

Според документот на ОЕЦД, трансформацијата на југоисточна Азија во економска заедница до 31 декември, по пример на Европската унија, е голем чекор, но реалните активности на интеграцијата, како оние во секторот на услугите, се движат бавно.

Во извештајот се повикува на вложување на поголеми напори во регионот со цел да им се помогне на сиромашните членки – Камбоџа, Лаос и Мјанмар, да ги надминат заостанувањата во развојот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП