17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму под 45 долари

Цената на нафтата и натаму под 45 долари

nafta kop

Цената на нафтата денеска се задржа на светските берзи под ниво од 45 долари, закочена со прекумерното снабдување која во втор план го потиснува секој траг на оптимизам во поглед на закрепнување на пазарот.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,43 долари. Позначителни промени во цената нема ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 40,54 долари.

Поради прекумерното снабдување цената на нафтата пад над 10 отсто од почетокот на месецот. Паралелно трговците покажуваат воздржаност поради несигурната побарувачка, очекуваат натамошен пад на цената, толкуваат аналитичарите.

„Факторите кои ја притиснаа цената се уште се присутни“, истакнаа Хамза Кан од ING, издвојувајќи го силниот долар, се поефикасното американско производство на нафта од шкрилци и вишокот на нафта на физичкиот пазар.

Силниот долар ја поскапува нафтата за имателите на останати валути, пригушувајќи ја побарувачката.

Податоците од пазарот покажуваат дека трговците на нафта се подготвуваат за нов пад на цената на нафтата до март 2016 година, со оглед на прогнозата за невообичаено топлата зима која би можела да ја нагризе побарувачката и враќањето на иранската нафта на пазарот по укинувањето на санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП