27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕTag Heuer Racer - луксузен андроид

Tag Heuer Racer – луксузен андроид

tel1

Ако сакате вашиот телефон да биде подеднакво убав и функционален, тогаш сигурно ќе бидете заинтересирани за новата „Tag Heuer Racer“ колекција која просто зрачи со својата елеганција и луксуз. Оваа колекција на андроид телефони со екран на допир и 3Д UI технологија ќе ве потсети на „Tag Heuer“ наследството кое е поврзано со дизајнот на автомобили и формула 1.

tel4

„Tag Heuer Gold And Carbon“ е престижна варијанта од оваа колекција која е произведена од злато и јаглеродни влакна, која доаѓа во комплет со луксузна црна „PVD“ футрола. Цената на овој телефон изнесува 8.400 долари.

tel3

„Tag Heuer Sun Nano“- овој спортски модел е произведен од полирано стакло и нерѓосувачки челик, а целиот модел е прекриен со гумена заштите која го прави водоотпорен. Цената на овој модел изнесува 6.335 долари а неговото производство е ограничено на 500 примероци.

tel2

„Tag Heuer Racing Carbon Orange“- Овој модел е произведен од јаглеродни влакна и исто така оди во комплет со црна „PVD“ футрола и рамки украсени со портокалови линии. За овој модел е потребно да издвоите 5.820 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП