2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска започнува Стартап Викенд Скопје

Денеска започнува Стартап Викенд Скопје

start ap skopje

Петтиот по ред Стартап Викенд Скопје започнува денеска, од 20-ти до 22-ри ноември во просториите на CoSeed сите заиинтересирани ќе имаат шанса да се запознаат со дел од локалната стартап заедница, да ги претстават и развијат нивните идеи и да креираат тим.

Дополнително ќе имаат можност за учество на локални и регионални настани и конференции, да освојат одлични награди или инвестиции од партнерите кои ќе им помогнат брзо и лесно да ги реализирате своите стартап идеи, како и да се стекнат со непроценливо искуство споделено од професионалци.

Оваа година организаторите на Стартап Викенд Скопје ветуваат одлична локација, интересни игри и забава за време на настанот, искусни ментори и судии меѓу кои претставници на Европскиот економски и социјален комитет, Cryptograph Security Solutions, Фонд за иновации и развој на технологии, Министерство за странски инвестиции на Македонија и многу други.

Дел од партнерите на овогодинешниот Стартап Викенд Скопје се Silicon Drinkabout, Brainster, GSIX, Girls in Tech, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC, BEST Skopje.

Влезница за настанот може да се резервира на http://tinyurl.com/swskopje5tickets.

Целосната листа на судии, агендата, партнерите кои го поддржуваат настанот, како и организаторите можете да ги најдете на www.sw.mk.

Startup Weekend претставува 54–часовен глобален настан, на кој се здружуваат организатори, програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1.500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Настанот досега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП