28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите на првиот фото конкурс за климатски промени

Доделени наградите на првиот фото конкурс за климатски промени

nagradi

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации ( УНДП), Луиза Винтон, свечено ги доделија наградите на 20-те најдобри од првиот фото конкурс за климатски промени во државата, #ДелувајСега, како и за двајца новинари за најдобра сторија на тема „Борба против климатските промени“.

Велосипеди и фото-камери беа доделени на две најдобри фотографии во секоја од десетте категории. Победниците беа селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).

Фото-конкурсот #ДелувајСега беше повик до сите граѓани, активисти, вљубеници во природата и поддржувачи на борбата за чиста животна средина, да ги искористат своите фотографски вештини за да ги фотографираат ефектите на климатските промени во било која од понудените десет категории: Климатските промени и водата, Климатските промени и здравството, Климатските промени и туризмот, Климатските промени и транспортот, Климатските промени и културното наследство, Климатските промени и шумите, Климатските промени и земјоделството, Климатските промени и природните катастрофи, Климатските промени и биодиверзитетот и Климатските промени и обновливите извори на енергија.

Овој фото конкурс беше организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.

Во конкурсот за медиуми на тема Борба против климатските промени се конкурираше во две категории- телевизии и печатени и електронски медиуми. Интернационално жири одбра по една најдобра новинарска сторија публикувана во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2015г.во двете категории за што на победниците француската амбасада ќе им им овозможи краток студиски престој во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП