23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупот и продажбата на земјоделски производи намалени за 5,1 проценти во третиот...

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени за 5,1 проценти во третиот квартал

pazar_20141126122338

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 5.1% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 23.1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 30.7%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци и добитокот, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, овошјето, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во септември, додека во јули и август е забележано опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП