18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

prerabotuvacka

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2015 година е за 0.8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2014 година е зголемен за 7.0 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2015, во однос на септември 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи сe намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на октомври 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2015 година изнесува 64.0% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.9%, недоволната домашна побарувачка со 23.8%, недоволната странска побарувачка со 23.7% и конкурентниот увоз со 6.8 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП