21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрите проблеми и закани пред инфлацијата во еврозоната

Трите проблеми и закани пред инфлацијата во еврозоната

eu dragi

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги предупреди за трите ризици кои и се закануваат на економијата на еврозоната, кои можат да попречат за постигнување на инфлациските цели.

Како прва закана Драги ја посочи слабоста на пазарите во развој.

„Перспективите пред светската побарувачка, особено во насока на пазарите во развој, се влошува, а во исто време несигурноста на финансиските пазари расте. Растот на светската економија во оваа година ќе биде послаба од 2009-та година па наваму“, коментира Драги.

Како втора закана пред инфлацијата во еврозоната Драги ја посочи слабата наплата.

„Моќта на обновата на светската економија е слаба. Земете ја за пример активноста во производниот сектор. Индексот „PMI“, кој ја надгледува активноста, почна да се зголемува од 2013-та година, но со најслабо темпо на закрепнување од 1998-ма година. Тоа покажува дека сме во многу почетна фаза на реконструкција, каде би требало да сме сведоци на многу силно зголемување“, коментира претседателот на ЕЦБ.

Третата закана е долготрајната санација.

„Историски гледано е да трае помеѓу пет и осум квартали за различните земји од еврозоната за да се обноват до нивоа пред кризата во текот на кризите од 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век ….. Ако сметките ни се вистинити, на еврозоната од моментов ќе и се потребни 31 квартал за да се опорави до пред нивото на кризата“, додаде уште Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП