24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧии вести се најгледани, кои портали и весници со политички теми се...

Чии вести се најгледани, кои портали и весници со политички теми се најчитани?

iri

Вестите на Алсат-М и на Сител се најмногу, а на МРТ и на Алфа најмалку гледани. Ова го покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

24% од испитаниците одговориле дека најчесто се информираат за политичките вести преку вестите на Алсат-М, 23% се определиле за Сител, 13% за Канал 5, 12% за 24 вести, 10% за Телма, 5% за МРТ1 и 3% за Алфа.

Кај дневните весници најчитан е Коха за кој што се изјасниле 9%, следува Дневник со 7% и Вест со 6%. Слободен печат читаат 4%, а Вечер 2% од граѓаните.

caa

Само 13% од граѓаните читаат неделни весници, покажува анкетата. Од вкупниот број испитаници 5% одговориле дека најчесто купуваат Фокус, 3% Република и 1% Капитал.

cbb

На интернет, најголем дел од граѓаните (22%) се информираат за политичките вести преку линкови што нивните пријатели ги споделуваат на Facebook, 10% преку агрегаторот time.mk, 10% директно на kurir.mk, 6% на portalb.mk и 5% на 24vesti.mk.

ccc

ИРИ ја спровел анкетата преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври  2015 на примерок од 1.106испитаници.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП