21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит внимателно, индексите стагнираа

На Волстрит внимателно, индексите стагнираа

berzi-indeks-

На Волстрит во четвртокот берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи вложувачите се внимателни имајќи предвид дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) во декември може да ги зголеми клучните каматни стапки.

Индексот Dow Jones падна за 0,02 отсто, на 17.732 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,11 проценти, на 2.081 поен, а индексот Nasdaq за 0,03 отсто, на 5.073 индексни поени.

По силниот раст на цените на акциите од средата, на Волстрит во четвртокот берзанските индекси стагнираа, при што во 7 од 10 сектори на S&P 500 индексот забележаа раст. Притоа најмногу, за речиси 1 отсто, зајакна комуналниот сектор, додека, од друга страна, најмногу ослабе здравствениот сектор, за 1,6 отсто.

Цената на акцијата на „UnitedHealth“, падна за повеќе од 5,5 отсто, бидејќи оваа здравствена осигурителна куќа ја намали процената за деловните резултати. Тоа го притисна целокупниот здравствен сектор, па акциите на нејзините ривали „Anthem“ и „Aetn“ поевтинија за повеќе од 6 отсто. Значително, за повеќе од 3 отсто, падна и цената на акцијата на „Pfizer“, откако најголемата светска фармацевтска компанија објави дека преземањето на ирскиот „Allergan“ е во последната фаза.

Поради послабите од очекуваните квартални деловни резултати, ценaтa на акцијата на модната куќа „Gap“ падна за 4 отсто, додека резултатите на софтверската компанија „Intuit“ го поттикна растот на цената на нејзината акција за повеќе од 10 отсто.

Значително, за 3,4 отсто, поскапе и акцијата на „Intel“, откако најголемиот светски произведувач на чипови најави зголемување на дивидендата, а во технолошкиот сектор почувствително, за 1,2 отсто, порасна и цената на акцијата на „Apple“.

Сепак, се тргуваше претпазливо, на што укажува потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи сопствениците во четвртокот ги заменија 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесува 7,3 милијарди акции.

Воздржаноста на инвеститорите е последица од загриженоста од можното зголемување на каматите на американската централна банка. Ден претходно акциите силно скокнаа, бидејќи од записникот на октомвриската седница на Fed инвеститорите заклучија дека челниците сметаат оти економијата ќе продолжи да закрепнува и дека е доволно силна за да го издржи зголемувањето на ка каматите во декември.

Меѓутоа, вложувачите ги загрижува темпото на растот на цената на парите во следниот период.

„Очекуваме дека Fed ќе ги зголеми каматите во декември, но уште поважни се очекувањата на челниците на централната банка за тоа колку брзо каматите ќе растат., Ако каматите растат полека и постепено, тоа би можело да ги поддржи пазарите на капиталот“, вели за Reuters Дејвид Картер, директор во компанијата „Lenox Wealth Advisors“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП