28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на продажбата на автомобили во ЕУ

Пад на продажбата на автомобили во ЕУ

vozila 333

Растот на пазарот на автомобили во Европа е забавен во октомври, соопшти Европското здружение на производители на автомобили, на што влијаеше и скандалот во компанијата Фолксваген.

Регистрацијата на личните автомобили е зголемена во Европската унија (ЕУ) само 2,9 отсто од октомври минатата година, што е остро забавување во однос на растот од 9,8 отсто во септември.

Заради аферата, испораката на возилата на Фолксваген падна за 0,5 отсто во октомври, но германскиот производител остана европски лидер со пазарен удел од 25,1 отсто.

„Побарувачката за нови лични возила забавува на сите главни пазари“, соопшти Европското здружение на производители на автомобили.

Во Велика Британија, вториот европски најголем пазар, продажбата се намалила за 1,1 отсто во октомври.

Останатите пазари забележале помал раст отколку во последните месеци. Германскиот пазар порасна за 1,1 отсто, францускиот за еден отсто, италијанскиот за 8,6 отсто и шпанскиот за 5,2 отсто.

„И покрај забавувањето во октомври, потврден е непрекинат тренд на раст на пазарот на автомобили 26 месеци по ред“, соопшти Европското здружение на производители на автомобили.

Вкупно 1,1 милион нови автомобили се регистрирани во Европа во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП