20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе сакаат да го вратат долгот: Украина не сака да и плати...

Не сакаат да го вратат долгот: Украина не сака да и плати на Русија 3 млрд долари

Arsenij-Jacenjuk-Jutjub-650x465

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук инсистира на тоа Киев да не и исплати на Русија три милијарди долари долг и руската страна да не добие поинакви услови за реструктуирањето од другите кредитори, изјави премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, во интервјуто на Првиот канал на националната телевизија.

„Јас истото го кажав (за руската страна): други услови од оние кои ги имаат останатите кредитори, нема да добие“. Основните услови – намалувањето на долгот за 20 проценти, трансфер на сите долгови за четири години. Ако не сакате, тогаш ќе ја добиете одлуката на Владата на Украина за воведување на мораториум за исплатата на три милијарди долари на Русија. Многу просто сакам да им објаснам на нашите соседи и државата –агресор: ние нема да платиме три милијарди долари“, изјави Јацењук.

Украина на 13-ти ноември го заврши реструктуирањето на дел од државниот долг кој ги допре и обврзниците од 15 милијарди долари, од кои 3 милијарди беа отпишани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП