3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска ќе одвои дополнителни 500 милиони евра за бегалската криза

Финска ќе одвои дополнителни 500 милиони евра за бегалската криза

begalci 33

На Финска ќе и требаат дополнителни речиси половина милијарда евра за прифаќање на бегалци во 2016-та година. Ова го соопшти финското Министерство за финансии, цитирано од агенциите.

Потребната сума изнесува 492 милиони евра и се наложува поради повеќекратниот поголем проток на луѓе кои бараат азил, и придружните трошоци.

Владата ги подготви пресметките, очекувајќи догодина во Финска да пристигнат 15.000 лица, баратели на азил. Според податоците на Министерството за внатрешни работи до крајот на годината во земјата се очекува да пристигнат 30.000 -35.000 бегалци.

Дополнителните трошоци ќе бидат потребни за прифатните центри, како и за разгледување на барањата за добивање на статус на бегалец. Ќе пораснат и трошоците за интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП