Повеќе од половина милион луѓе во САД, од кои четвртина се деца, се бездомници заради тешко достапното сместување ширум земјата, беше објавено во една студија.
Извештајот на американското министерство за живеење и урбан развој, вели дека бројката благо опаднала во однос на 2014-та година.
Многу американски градови се борат со бавното закрепнување, стагнацијата и намалените примања меѓу најслабо платените и со буџетските ограничувања за програмите за социјална помош.
Лос Анџелес, Сиетл, Портланд, Орегон и Хаваи неодамна прогласија вонредна состојба заради зголемувањето на бројот на бездомници.
„И покрај државните проценки, Њујорк и натаму се соочува со речиси рекорден број бездомници“, рече Жизел Рутие, портпарол на групата што ги застапува бездомниците.
Според податоците на ова група, близу 565.000 луѓе живеат на улица или во автомобилите, прифатилишта за бездомници или во субвенционирано сместување. Четвртина од таа бројка е на возраст од 18 години или помалку.