26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEY: Светската економија е неизвесна, кревка и фрагментирана

EY: Светската економија е неизвесна, кревка и фрагментирана

ekonomi svet3

Економските услови може и да укажуваат на зголемување на каматните стапки во САД, но глобалната економија се уште е неизвесна, кревка и фрагментирана. Ова го тврди извршниот директор на „Ernst & Young“ Марк Вејнергер за „CNBC“.

„Американската економија е стабилна, но ќе има и огромна несигурност“, коментира тој, посочувајќи ги претседателски избори во САД, во одговор на прашањето, кога Федералните резерви на земјата ќе ја зголемат основната каматна стапка и каков ќе биде ефектот врз доларот.

Но и покрај тоа Вејнергер смета дека условите за поведување на текот се незрели.

„Погледнете кон целокупната економија: ниски каматни стапки, ниска инфлација, ниски цени на енергетските извори, стабилен раст на работните места, платите почнуваат да се зголемуваат. Има нормализација, но не и силен раст“, посочува тој.

Резимето од протоколот од последниот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар во октомври, содржи очекувано согласност за зголемување на каматите, доколку условите го дозволуваат.

Протоколот исто така ја открива поделбата по членовите на Комитетот, како расположение, ако не и како реално гласање, во споредба со првата средба под претседателството на Џенет Јелен во март 2014-та година. Трговците ја намалија веројатноста за зголемување на каматите во декември по објавувањето на записникот од 74% на 68%.

Промените во ставовите не се само во економските услови, коментира уште Вејнергер. За несигурноста придонесуваат и геополитичките проблеми.

„Што се случува со „Исламската држава“ и борбата против тероризмот во светот. Можеби тоа што се случува во Сирија, може да се резултатите од изборите, може да е девалвацијата на валутата која Кина ја презеде во август“, рече тој.

Во исто време економијата се движи во различни насоки.

„Навистина е интересно да гледаме како монетарната политика во светот се движи во радикално различни правци. Европската централна банка, се разбира во Европа, врши квантитативни олеснувања, САД има намера да ги подигне стапките, додека Велика Британија, Кина и Јапонија да обезбедат ликвидност. Значи ефектот врз девизниот пазар и овој на суровини е едноставно огромна несигурност“, посочи уште Вејнергер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП