17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујоршката Петта авенија најскапа на светот

Њујоршката Петта авенија најскапа на светот

Fifth-Avenue

Славната њујоршка Петта авенија го задржа водечкото место на листата најскапи трговски улици на светот, со цени за наем речиси 50 отсто повисоки од Коузвеј Беј, трговската артерија на Хонгконг, која е на второто место.

Трошокот за наем за продажен простор на Петтата авенија меѓу 49-та и 60-та улица пораснал во текот на 2015 година за 3,6 отсто, на околу 33.800 евра за квадратен метар, објави компанијата „Cushman & Wakefield“ во својот годишен извештај за цените за наемот во главните трговски улици ширум светот.

Закупот за квадратен метар на Каузвеј Беј изнесува околу 23.200 евра, додека на третото место е париската Авенија Шанзелизе со цени од 13.250 евра. На четвртото место е лондонски Њу Бонд Стрит, а на петтото е Виа Монтенаполеоне во Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП