8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го прифати реформскиот закон во замена за продолжување на помошта

Грција го прифати реформскиот закон во замена за продолжување на помошта

grcija-eu-eu-grcija

Грчките пратеници во четвртокот го изгласаа реформскиот закон за да го осигурат продолжувањето на финансиската помош од меѓународните кредитори, но поради двајцата бунтовни пратеници парламентарното мнозинство се намали на само два мандата предност.

Законот со чиешто изгласување владата на премиерот Алексис Ципрас обезбеди исплата на 2 милијарди евра од новиот пакет финансиска помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за спасување на презадолжената Грција, е дел од реформите на чие спроведување се обврза левичарската влада, а важни се за новата, третата по ред, програма од надворешната помош која изнесува дополнителни 86 милијарди евра.

Владејачката коалиција на радикалната левица и националистите се сведе само на 153 гласови во парламентот од 300 места, откако се исфрлени Никос Николопулос од Независни Грци, партијата од десницата, кој гласаше против во четвртокот, и Статис Панагулис од левичарската Сириза.

Токму 153 гласа беа потребни за да мине законот со којшто се уредуваат даночните долгови и нивото на заштита на должниците од запленување на недвижнини. Тоа прашање беше болно во преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори. Ципрас тогаш им порача на Грците дека никој нема да им го плени нивниот дом.

„Отфрлам да ги исфрлам на улица корисниците на заеми кои се борат за живот, да ги оставам на немилост на банките коишто сé повеќе се богатат во годините на корупција“, рече Панагулис.

Групи луѓе протестираа во четвртокот во центарот на Атина и пред банките. Тие ѝ забележуваат на владата дека порачала оти нема да запленува ниеден дом, но дека со гласањето во четвртокот ги погазила правата на граѓаните.

Грчката влада во петок ќе ги продолжи преговорите со меѓународните финансиски институции за новиот пакет реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП