24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер му предлага на Путин потесни трговски врски

Јункер му предлага на Путин потесни трговски врски

junker-putin

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во писмо до рускиот претседател Владимир Путин му предложил потесни трговски врски меѓу Европската унија и економскиот блок кој го предводи Русија, зависно од напредокот во спроведувањето на примирјето во Украина, меѓутоа Кремљ го отфрлил тој предлог.

Во писмото составено по самитот на Г20 во турска Анталија, челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер истакнува дека им придава важност на добрите односи меѓу Европската унија и Русија „кои, на моја жал, не можеа да се развиваат минатите години“, пишува Reuters кој имал увид во писмото.

Јункер наведува дека ги повикал функционерите на ЕК да ги проучат опциите за потесна соработка на ЕУ и Евроазиската економска унија, група поранешни советски републики кои ги предводи Руската Федерација.

Кремљ студено одговорил на писмото од Јункер, велејќи дека станува збор за нереален предлог. „Поврзувањето на економската соработка со исполнувањето на договорот од Минск, особено во сегашната ситуација во која гледаме дека Киев не сака да го исполни тој договор…, не е баш релевантно, односно возможно“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевициус изненаден е од ова писмо, за коешто вели дека не го одразува заедничкиот став на членките на ЕУ и во коешто не се споменуваат европските санкции кои Брисел ги воведе по инсистирање на Вашингтон против Русија, обвинувајќи ја дека е виновна за украинската криза.

Портпаролката на Европската комисија, потврдила дека Јункер му пишал на Путин по самитот на Г20, меѓутоа вели дека во писмото нема „никакви нови обврски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП