3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБранот купувањa ја поттикна цената на нафтата

Бранот купувањa ја поттикна цената на нафтата

nafta 39222

Цената на нафтата благо зајакна во четвртокот на светските берзи под влијание на бранот купувањa, а позначителен раст и натаму кочи прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барелот порасна 33 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,47 долари. На американската берза со барелот се тргува по непроменета цена од 40,78 долари. Вчера по прв пат од август потона под 40 долари.

„Цените се многу ниски поради што многу сакаат да влеат на пазарот“, толкува Ханс ван Клиф од амстердамски  ABN Amro.

„Некои се фокусирани на изгледите за зголемена побарувачка и на предвидувањата дека пазарот во одреден момент сепак ќе се врамнотежи, но прекумерното снабдување го ограничува растот“, додаде аналитичарот.

Пазарните податоци покажуваат дека трговците се подготвуваат за повторен пад на цената до март следната година, со оглед на очекувањата за невообичаено топла зима која би требало да ја придуши побарувачката и тоа во контекст на повратокот на пазар на иранската нафта по укинување на меѓународните санкции.

Поради презаситеност на пазарот производителите се натпреваруваат во попусти за да го одбранат пазарниот удел од конкуренција. Така Ирак, вториот по големина производител во OPEC почна да продава барел нафта по цена од само 30 долари, што дополнително ја притиска цената на нафтата.

Одделно OPEC денеска на својата интернет страна објави дека цената на барел референтна кошничка во средата изнесуваше 38,04 долари, што значи дека падна 25 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП