20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадоначалникот Лата бара ревизија на приватизацијата во Дебар

Градоначалникот Лата бара ревизија на приватизацијата во Дебар

lata debar00000

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, денеска изјави дека ќе побара веднаш од страна на државните институции да се изврши ревизија на приватизацијата на државните фирми во Дебар.

Лата додаде дека во Дебар е извршена катастрофална приватизација во најголемиот колектив  Текстилниот комбинат „Новост“ каде работеа над 1.000 лица.

„Се распродаде и не даде никаков ефект. Слична беше и состојбата со ЗК „Прогрес“ и некои други фирми“, додаде Лата, кој рече дека позитивни приватизации имаше само во Дебарски бањи – Цапа и Фабриката за гипс Кнауф.

Лата оваа изјава ја даде за време на посетата на министрите на Владата на Македонија, Абдулаким Адеми и Беким Незири.

Министерот за образование Адеми за Макфакс изјави дека продолжувањето со работа на дисперзираните факултети на Тетовскиот универзитет во Дебар, каде што две години нема регистрација на студенти, ќе зависи од Ректоратот.

„Ректоратот има своја независност, но ние правиме напори факултетите да продолжат со работа“, рече Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП