2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатни прегледи и породување за сите бремени жени

Бесплатни прегледи и породување за сите бремени жени

A7GEAW_2378638b

Бесплатни ќе бидат сите гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување за секоја бремена жена државјанин на Македонија без разлика дали е здравствено осигурана или не, најави министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде дека оваа мерка ќе стапи на сила од почетокот на идната година.

Мерката има за цел рано и навремено откривање на проблеми во бременоста и навремена реакција, како и подигнување на свеста кај бремените жени за редовни прегледи. Тодоров посочи дека бесплатните прегледи ќе бидат од голема корист и за бремените жени од социјално ранливите групи, како и за жените од ромска националност кои во голем дел немаат матичен гинеколог.

Според податоците од Заводот за мајки и деца во 2014 година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна.

Пакетот мерки предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува и патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование.

„Покрај советување на жените за потреба од избор на матичен гинеколог и мерки за здрава бременост, партонажните сестри ќе закажат по најмалку еден бесплатен преглед кај гинеколог од секундарна или терциерна здравствена заштита и за истото ќе ги известат жените. Како трета мерка е обврската која им е дадена на таканаречените ромски здравствени медијатори кои ќе ги посетуваат бремените жени од ромската популација, ќе ги советуваат и ќе им закажат исто така најмалку по еден бесплатен преглед“, нагласи Тодоров.

Друга мерка предвидува доктори гинеколози од ГАК и Гинекологија од Чаир една неделно да работат во гинеколошките амбуланти во здравствените домови.

Целта на овој пакет мерки е до 2020 година да се намали процентот на доеничка смртност за една третина, како и да се унапреди здравствената заштита на мајките и децата. Според податоците во 2004 стапката на доеничка смртност била 13,2 промили, а во 2014 година 9,9 промили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП