19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна семинарот за родова обука за клучниот персонал од Министерството за одбрана

Започна семинарот за родова обука за клучниот персонал од Министерството за одбрана

min-odbrana

Министерството за одбрана на Република Македонија, поддржано од UNDP/SEESAC во четврток и петок организира дводневен Семинар за родова обука со клучниот персонал во Министерството.

На отворањето на оваа значајна обука, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова истакна дека посветувањето внимание на потребите и приоритетите и на жените и на мажите претставува цивилизациска вредност и одлика на современото време. „Со зголемувањето на бројот на жените во безбедносните институции и структури тие стануваат подобро позиционирани да овозможат осмислување и спроведување на безбедносните политики збогатени со искуства, знаење, интереси и потреби и на жените и на мажите“, додаде таа.

Целта на семинарот е персоналот од министерството за одбрана да ги согледа можностите и начините на интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во нивната средина. Истиот ќе биде воден од родовите инструктори во Министерството, сертифицирани од страна на Нордискиот центар за родот во воените операции и предавачи од Министерството за труд и социјала.

Во двата работни дена, клучниот персонал во МО ќе се запознае со родовите поими и дефиниции, меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста и Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на оваа резолуција. Воедно опфатени ќе бидат и Законот за еднакви можности на жените и мажите, сексуалното насилство во услови на војна и мир, родовата еднаквост во мировни мисии како и практичната примена на родовaта перспектива во процесот на планирање на операциите и кризи. Учесниците ќе се запознаат и со важноста на лидерството за интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во Министерството за одбрана и АРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП