12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците и должат еден куп пари на државата

Грците и должат еден куп пари на државата

grcija-siromashna

Еден од тројца даночни обврзници и две од три компании во Грција  и должат пари на државата, соопшти грчкото Министерство за финансии, нагласувајќи дека 2,5 милиони даночни обврзници должат вкупно 20,4 милијарди евра и речиси 150.000 компании должат околу 35,5 милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако овие бројки ги вклучуваат даночните обврзници кои во меѓувреме починале или фирми кои веќе се затворени или се лажни, податоците на Министерството укажуваат на пораст на бројот на должниците на месечно ниво поради неможноста да ги платат обврските и го чекаат новиот план за плаќањето на данок.

Меѓутоа, официјалните бројки покажуваат дека даночните власти ги исполниле целите за наплатата во февруари. Вкупно 70 даночни канцеларии ги надминале целите и со тоа ги покриле другите 70 кои не собрале доволно.

Сепак, од 140-те даночни канцеларии, само 17 ги постигнале поставените цели за собирање на данокот на додадена вредност. Тоа покажува дека фирмите не плаќаат ДДВ затоа што е превисок и за тоа се обвинува Министерството за финансии кое не успеа правилно да го процени влијанието на намалувањето на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП