4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите на мажите и жените ќе се изедначат за 118 години

Платите на мажите и жените ќе се изедначат за 118 години

Two businesspeople holding briefcases outdoors

Светскиот економски форум (WEF) верува дека ќе бидат потребни уште 118 години за на глобално ниво да се изедначат платите на мажите и жените.

Во WEF во четвртокот го објави годишниот извештај за рамноправноста на половите за 2015 година. Таа вклучува 145 земји и ја следи рамноправноста на половите во четири клучни сегменти: економскиот, политичкиот, образовниот и здравствениот.

Извештајот покажува дека жените денес заработуваат колку што мажите заработувале во 2006 година . Веќе со години не се остварува напредок во намалување на разликите во платите меѓу половите, тврди водечката авторка на истражувањето Саадија Захади, иако има 250 милиони жени повеќе на пазарот на трудот од пред десет години.

WEF истакнува дека жените денес на глобално ниво заработуваат 10.400 евра во споредба со 19.400 евра колку што се платите на мажите.

На врвот од листата земји со најмалку разлики во платите, очекувано, се нордиските земји Исланд, Норвешка, Финска и Шведска. „Овие земји имаат најдобра семејна политика на светот. Нивните системи за детска грижа се најдобри на светот, а имаат и најдобри закони за породилното отсуство на мајките и татковците“, вели Захади. Истакна дека на високото петто место е Ирска, како и Словенија на деветтото.

Денес во 98 земји студираат повеќе жени отколку мажи, но тоа, како што истакнува Захади, не се одразува на платите, бидејќи жените во многу помала мера доаѓаат до водечките позиции во деловниот или во политичкиот свет. Според WEF, во само три земји во светот има повеќе жени отколку мажи на водечките позиции, во Колумбија, на Филипини и на Фиџи.

Захади верува дека решението за тој проблем лежи во промена на ставот во домот, а не само во владите или во големите компании. „Доколку не почнеме да ја менуваме културата околу поделбата на трудот во куќи, жените секогаш ќе имаат дополнителен товар. А тоа значи нема да имаат можности да се пробијат до водечките позиции“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП