21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи, зајакна рударскиот сектор

Раст на европските берзи, зајакна рударскиот сектор

akcii trguvanje

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во четвртокот, пред се благодарение на закрепнувањето на рударскиот сектор.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 9,30 часот беше во плус 0,9 отсто, откако вчера ослабна 0,2 отсто.

Лондонски FTSE, париски CAC и франкфуртски DAX беа во плус помеѓу 0,8 и 1,4 отсто.

Најмногу изутрината, за над 2,5 отсто, скокна цената на акцијата во рударскиот сектор, што се должи на закрепнувањето на цените на сировините.

Поддршка на пазарот пружаат и добрите вести од неколку европски компании, како и вчерашниот скок на цената на акциите на Волстрит за над 1,4 отсто, откако е објавен записникот од октомвриската седница на Фед кој покажа дека челниците на централната банка се заложиле за зголемување на каматите во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП