8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNvidia претстави нова, помоќна и поевтина верзија на својот таблет

Nvidia претстави нова, помоќна и поевтина верзија на својот таблет

shild tegra33

„Nvidia“ ќе пласира на пазарот обновена и надградена верзија на својот таблет „Shield Tablet K1“. Тој ќе ја користи најновата генерација на платформата „Tegra“ и ќе чини околу 200 долари.

„Shield Tablet K1“ првично беше замислен како таблет за гејмери ​​и да пристигне во комплет со неколку додатоци. Новата верзија е насочена кон сите обожаватели на игрите и медиите, па така се збогуваа со додатоците за да е поевтина. Всушност во комплетот дури нема полнач и USB кабел и корисникот ќе мора да користи такви од друг уред.

Во замена тој ќе добие таблет со доста моќен хардвер. Процесорот „Tegra K1“ е со четири јадра и работи на 2.2GHz. Видео-обработката е доверена на графичкиот чип „Kepler“. Оперативната меморија е 2GB, а има и 16GB вградена меморија за складирање на податоци и слот за „MicroSD“ картички.

Екранот е 8-инчен со резолуција од 1920х1200. Од двете страни има стерео звучници насочени кон корисникот. Над екранот има камера од 5МР, каква што е и на задниот панел. Вградената батерија е 19.75Wh, а има уште „Bluetooth 4.0 LE“, „WiFi“. Таблетот е со дебелина од 9,2 mm и тежи 390 грама.

Оперативниот систем на овој уред е „Android 5.1.1“, а од „Nvidia“ ветуваат дека се подготвени за обновување до „Android Marshmallow“ пред божиќните и новогодишните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП