28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Влада се подготвува за следната посета на „тројката“

Грчката Влада се подготвува за следната посета на „тројката“

 

atinatrojka

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа се сретна со министерот за финансии Јанис Стурнарас, во рамките на обидите на Владата да заокружи неколку нереализирани цели во врска со структурните реформи пред претставниците на „тројката“ да се вратат во Атина следната недела.

Стравувајќи од влошување на климата во еврозоната по тензичните преговори за помошта за Кипар, Самарас води дискусии со цел финализирање на позиција на Грција за отпуштања и трансфери во државниот сектор, за итниот данок на имот, како да се намали товарот на оние кои имаат кредити и каков план за исплата ќе им биде понуден на Грците кои должат даноци.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, се уште не е познато колку државни службеници ќе ги загубат своите работни места до крајот на 2014 година. Последниот предлог на Атина кон „тројката“ беше оваа и следната година да бидат отпуштени пет илјади вработени во јавниот сектор.

Самарас и Стурнарас очекуваат меѓународните кредитори во следните неколку дена да го одобрат доделувањето на следната транша од помошта за Грција во вредност од 2,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП