27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto повторно размислува за купување на Syngenta

Monsanto повторно размислува за купување на Syngenta

Monsanto-Syngenta-Deal-2

Американскиот производител на генетски модифицирано семе „Monsanto“ размислува дали да достави уште една понуда за преземање на швајцарската агрохемиска компанија „Syngenta“, откако компанијата ја одби понудата на кинеската компанија „ChemChina“ за преземање.

„Syngenta“ во август месец ја одби понудата на „Monsanto“ вредна 47 милијарди долари, како и понудата на „ChemChina“ од 41,6 милијарди долари, пренесува агенцијата Блумберг.

Еден од директорите на „Monsanto“, Брет Бегеман, изјави дека неуспехот на преговорите на швајцарската и кинеската компанија ја потикнало компанијата „Monsanto“ да размисли за уште една нова понуда за „Syngenta“.

Акциите на „Monsanto“ вчера пораснаа за 1,8 проценти на 382 франци (352,80 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП