19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер предвидува `Европа во две брзини`

Јункер предвидува `Европа во две брзини`

junker-zan-klod-junker-

Европската унија (ЕУ) ќе мора да развие рамка во која „членките од јадрото“ ќе можат да работат заедно, а останатите ќе бидат помалку инволвирани, изјавил во средата претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.

„Мислам дека понатаму веќе нема да биде можно 33, 34 или 35 земји да можат со истата брзина или моментум да се движат во истата насока“, рекол Јункер во разговор со граѓани во Брисел.

Унијата од 28 земји во моментот води преговори за членство со земјите од Балканот, но на почетокот на својот мандат како претседател, Јункер изјави дека нема да има проширување на ЕУ до 2019-та година. Од сите 28 земји членки, некои веќе работат заедно во врска со одредени прашања.

Најсилен пример за ова се 19-те земји членки кои го користат еврото како заедничка валута и ги координираат буџетските политики, а имаат и заедничка банкарска унија во која сите големи банки од Еврозоната се под еден единствен супервизор, односно Европската централна банка.

Јункер додал дека ЕУ треба да ја разгледа сопствената организација за да биде сигурна дека членките ќе можат да ги делат заедничките политики, но со различни брзини, пренесува Reuters.

„Еден ден треба да ја разгледаме Европската архитектура со тоа што група земји ќе ги прават сите работи заедно, додека, пак, останатите ќе се позиционираат подалеку од јадрото“, заклучил Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП