28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Јапонија без промени во монетарната политика

Централната банка на Јапонија без промени во монетарната политика

Bank-of-Japan222

Централната банка на Јапонија ги задржи сегашните стапки на стимулирање на економијата, надевајќи се дека во земјата ќе претстои економско закрепнување, и покрај слабите капитални расходи и предизвикот во светска бизнис средина.

Централната банка исто така ја задржи оценката и покрај тоа што извозот и производството ги чувствуваат ефектите од слабата побарувачка на пазарите во развој, па јапонската економија продолжува да се опоравува со умерено темпо.

Банката сепак предложи малку повнимателни очекувања за инфлацијата, во споредба со минатиот месец. Како и што се очекуваше, централната банка ја потврди својата посветеност да се зголемува монетарната база со 80 илјади милијарди јени годишно (650 милијарди долари) преку купување на државни обврзници и ризични средства. Јапонската економија повторно западна во рецесија во третиот квартал, а пак аналитичарите очекуваат само благ раст во овој квартал, откако забавувањето на кинеската економија натежна над извозот и производството.

Објавените податоци покажаа дека извозот на Јапонија за октомври забележа пад за прв пат по повеќе од една година. Најлошото сепак можеби е минато, според некои аналитичари, кои потсетуваат дека вредноста на извозот се зголеми за 0,6%, во споредба со септември и стабилниот извоз за САД.

Потрошувачките цени во Јапонија паѓаат во втор последователен месец во септември, но централната банка ги обвинува за тоа енергетските трошоци и тврди дека повеќе компании ги креваат цените во позадината на силната потрошувачка. Речиси половина од аналитичарите кои учествувале во анкетата на „Reuters“, очекуваат Банката на Јапонија да ја олесни монетарната политика во јануари, кога долготрајниот пад на цените на нафтата може да ја натера банката повторно да не ги објавува тримесечните предвидувања за инфлацијата.

Денеска јенот поскапе за околу 0,3% во однос на американскиот долар или до 123.25 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП