18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНебанкарскиот финансиски сектор достигна 80.000 млрд долари

Небанкарскиот финансиски сектор достигна 80.000 млрд долари

evro-money-evra-evroto

Вредноста на нерегулираниот небанкарски финансиски сектор пораснал на околу 80.000 милијарди долари, покажува извештајот на Одборот за финансиска стабилност (FSB) кој ја надгледува регулацијата на глобалниот финансиски систем.

Само во текот на изминатата 2014 година вредноста на трансакциите во нeбанкарскиот финансиски сектор кој не подлежи на регулаторниот надзор е зголемена за 2.000 милијарди долари, тврдат авторите на извештајот, објавен во вторникот а подготвен по повод самитот на 20-те водечки развиени и економии во развој Г20 во Анталија.

Процената се однесува на 26 јурисдикции и на еврозоната во целина, на кои отпаѓа околу 80 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП) и 90 отсто од сопственоста на глобалниот финансиски систем, истакнува агенцијата AFP.

FSB ги советува земјите во групата Г20 во реформите на банкарскиот систем, а е основан пред шест години, по уривањето на американската инвестициска банка „Lehman Brothers“ што го означи почетокот на глобалната финансиска криза. Одборот објавува годишни извештаи за паралелниот банкарски систем во рамките на промовирањето на меѓународно транспарентните финансиски стабилности.

Дополнителна задача му е утврдување на слабите точки во меѓународниот финансиски систем. Седиштето му е во Швајцарија, а со него претседава гувернерот на британската централна банка Марк Карнеј.

Неформалниот банкарски систем опфаќа трансакции надвор од традиционалното банкарство, вклучително и оние коишто се одвиваат преку хеџ и инвестициските фондови.

Во најновиот годишен извештај FSB ја претставува рамката за следење на трендовите во неформалниот банкарски сектори поради правовремено воочување од системските ризици и, по потреба, иницирање на корективни мерки. Новината е попрецизен фокусиран преглед на „економската функција“ на тој систем, кој би требало да овозможи формулирање на мерките за ублажување на ризиците.

Во FSB така проценуваат дека според оваа нова тесно дефинирана мерка, темелена на активноста, неформалниот банкарски систем мината година изнесувал 36.000 милијарди долари, со што неговата вредност е зголемена за 1.000 милијарди долари во однос на една година претходно. Тоа соодветствува на околу 30 отсто од вкупната сопственост на небанкарскиот финансискиот сектор, односно 60 отсто од БДП-то од 26-те опфатени јурисдикции.

За споредба, традиционалниот банкарски сектор во 2014 година вредел 135.000 милијарди долари, со што неговата вредност е зголемена за 6,4 отсто во однос на една година порано.

Според Карнеј, „небанкарското финансирање е добредојден дополнителен извор на кредити за реалната економија. Настојувањата на FSB нетрадиционалниот банкарски систем да се трансформира во сигурно пазарно базирано финансирање, со посредство на засилена будност и ублажување на ризикот по финансиската стабилност, ќе помогне во остварувањето на одржливиот економски раст“.

Предупреди, сепaк, дека FSB мора будно да внимава овој систем да биде отпорен извор на пазарно финансирање и да пропратните ризици не го дестабилизираат финансискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП