22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен клуб на пензионери во Жупа

Отворен клуб на пензионери во Жупа

penzioneri

Пензионерски клуб отворен е во средата во општина Центар Жупа, со средства на Советот на Европа, за проекти од мултиетнички карактер.

Консултантот на проектот Рубин Зенун нагласи дека за оваа активност се инвестирани над 20.000 евра од кои 10 отсто се средства на локалната власт во општина Центар Жупа. Овој проект се реализира во пет општини во Македонија додаде Зенун.

Отворањето на овој клуб е од големо значење за над 400 пензионери од оваа рурална општина рече градоначалникот на општина Центар Жупа, Арјан Ибраим кој додаде дека и просторот за клубот е поклон на локалната власт за потребите на пензионерите.

Претседателот на здружението на пензионерите Дебар – Центар Жупа, Џавит Карпузи истакна дека сега и членовите на пензионерите на оваа општина имаат можност да се рекреираат како што тоа го чинат и над 1.600 пензионери од Дебар кои се заеднички членови на здружението Дебар – Центар Жупа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП